Околу 300 лица во Швајцарија беа ставени во изолација по избувнувањето на зараза со новиот коронавирус во ноќен клуб во Цирих.
Маж кој бил во клубот „Фламинго“ пред една недела, е позитивен за коронавирусот, заедно со уште пет лица кои биле со него во клубот.
Преку списокот на посетители што го обезбеди клубот, властите контактирале со други луѓе кои биле присутни и им наредиле да останат во карантин 10 дена во обид да спречат понатамошно ширење на инфекцијата сè додека сите не бидат тестирани.
Швајцарските власти велат дека инцидентот покажува колку е важно да се придржувањето кон регулативите за хигиена и социјално растојание бидејќи мерките воведени од владите сега се олабавуваат.
Тие додадоа дека ако такви случаи се случат во клубовите, тие ќе треба повторно да ги затворат.