Попладнево околу 16:10 часот И. Ш. од Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г. А. и С. А., по што Г. А. извадил пиштол и пукал кон него
Четириесет и тригодишник од скопско Шишево е приведен по пријава дека пукал кон соселанец и го ранил.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), попладнево околу 16:10 часот И. Ш. од Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г. А. и С. А., по што Г. А. извадил пиштол и пукал кон него. И. Ш. се здобил со повреда во пределот на увото.
По добиената пријава, полициски службеници од полициската станица во Ѓорче Петров го привеле Г. А.
„По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.
