„Станува збор за вид поморски дрон што се користеше во војната во Украина“, соопшти Министерството за национална одбрана на Романија, без да го прецизираат потеклото на дронот
Поморски дрон утринава околу 10:30 часот по локално време експлодира во цивилното пристаниште Констанца во Романија, во близина на седиштето на романската Агенција за поморска безбедност, соопшти Министерството за национална одбрана на Романија додавајќи дека во инцидентот нема жртви.

„Станува збор за вид поморски дрон што се користеше во војната во Украина“,
додадоа од романското министерство, без да го прецизираат потеклото на дронот.
Оттаму информираат дека пристаништето и областа околу него се обезбедени од страна на силите на Разузнавачката служба на Романија, Крајбрежната стража и Министерството за национална одбрана.
„Би сакале да истакнеме дека дронот не е дел од опремата на романската армија и не беше вклучен во неодамнешните вежби во областа на Црното Море“,
додаваат од Министерството за национална одбрана на Романија
Случајот во моментов го истражува обвинителството.
