За владата на Јанша, која брои 15 члена „за“ гласаа 49 гласа пратеници во словенечкиот парламент, додека 30 се изјанија „против“. Повеќето министри во новата влада се од неговата Словенечка демократска партија (СДС), а останатите од коалициските партнери Нова Словенија (НСи), Демократи и Фокус. Партијата СЛС, петтиот партнер, не доби министерска позиција
Опозициските партии Слобода, Социјалдемократи, Левица и Весна ја критикуваа новата влада, тврдејќи дека има намера да го продлабочи јавниот дефицит и да го приватизира здравството, додека некои се спротивставија на спојувањето на министерствата за економија и труд
Словенечкиот парламент ја излагласа десничарската влада на премиерот Јанез Јанша, кој вети намалување на даноците, насочена потрошувачка и борба против корупцијата, додека аналитичарите очекуваат промена и во надворешната политика на земјата, пренесоа новинските агенции во земјата.

Јанша, кој по тесните избори во март обезбеди четврти премиерски мандат во неговата политичка кариера, објави дека неговиот кабинет ќе ја претставува целата земја, бидејќи новите министри доаѓаат од различни генерации и региони низ Словенија.
Земјата во последните четири години ја водеше либералната влада на Роберт Голоб, кој оствари тесна победа на изборите, но, и покрај тоа, не успеа да формира мнозинска коалиција.
Во говорот пред парламентот, Јанша ги пофали министрите како искусни лидери и вети дека ќе ги намали, како што ги нарече, рекордно високите даноци и големата бирократија во споредба со другите европски земји. Тој, исто така, вети дека ќе се бори против корупцијата и ќе им даде повеќе овластувања на локалните власти, пренесе словенечката агенција СТА.
За владата на Јанша, која брои 15 члена „за“ гласаа 49 гласа пратеници во словенечкиот парламент, додека 30 се изјанија „против“. Повеќето министри во новата влада се од неговата Словенечка демократска партија (СДС), а останатите од коалициските партнери Нова Словенија (НСи), Демократи и Фокус. Партијата СЛС, петтиот партнер, не доби министерска позиција.
Петпартиската коалиција има 43 места во парламентот со 90 места, а е поддржана од десничарската партија „Ресница“ (Вистина), која формално не е дел од владата, која доби поддршка и од националните малцинства.
Јанша рече дека следната недела ќе ги покани опозициските партии да се приклучат на партнерството за да помогнат во изготвувањето на клучните закони.
Аналитичарите велат дека владата на Јанша веројатно ќе се оддалечи од пропалестинските политики на претходната влада, која призна палестинска држава и им забрани на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на двајца од неговите крајно десничарски министри влез во земјата.
🇸🇮 Prisegla je 16. Vlada Republike Slovenije.
— Janez Janša (@JJansaSDS) June 4, 2026
Sestavlja jo 15 ministric in ministrov, ki bodo v mandatu 2026 – 2030 delali za uspešno Slovenijo. pic.twitter.com/DKprjcWXA7
Премиерот во заминување Голоб наследството од своето четиригодишно владењее го сумираше на денешната вонредна седница на парламентот, на која рече дека најмногу се гордее со тоа што во земјата се вратиле, како што кажа, нормалноста, стабилноста и мирот.
Под мир, како што наведе тој, меѓудругото подразбира достоинствен живот за пензионарите, пристојни плати за вработените, одбрана на меѓународното право и независност на институциите.
Пратенциите од Словенечката демократската партија (СДС) изразија уверување дека Јанша избрал одличен тим министри со кои ќе работи за успешна Словенија, додека според претсавниците на НСи, СЛС и Фокус, успехот на владата не треба да биде партиско прашање, туку заеднички интерес на земјата.
Опозициските партии Слобода, Социјалдемократи, Левица и Весна ја критикуваа новата влада, тврдејќи дека има намера да го продлабочи јавниот дефицит и да го приватизира здравството, додека некои се спротивставија на спојувањето на министерствата за економија и труд.
„Слобода изразува очекувањее дека владата ќе работи за народот, што партијата ќе го поддржи. Во спротивно, ќе следи бунт“,
објавија од опозициската партија.
Инаку, ова е четврти мандат на Јанез Јанша како премиер, по оние од 2004 до 2008 година, од 2012 до 2013 година и од 2020 до 2022 година.
