Легендарната музичка група „Ролинг Стоунс“ го предупреди претседателот на САД, Доналд Трамп дека ќе го тужи доколку тој продолжи да користи нејзини песни на митинзи за време на кампањата.
Во соопштение на правниот тим на популарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се запре неовластената употреба на нивната музика, кави Би-би-си.
БМИ, во име на Стоунси, го известила тимот на Трамп дека употребата на нивните песни без дозвола ќе биде кршење на договорот за лиценца и ќе биде предмет на правна постапка.
Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want “ за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година