Пожарот настанал во стан во зграда на улицата „Христо Смирненски“ во Општина Центар
Со возило на Итната медицинска помош е пренесено во болницата „Свети Наум Охридски“ на укажување лекарска помош
Tринаесетгодишно момче е повредено во пожар што денеска попладне избувна во стан во зграда во скопски Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавен денеска во 12:38 часот, по што на терен интервенираа пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита, кои го изгаснаа пожарот.
Во моментот на пожарот, како што соопштија од полицијата, во станот се наоѓал 13-годишник, кој се здоби со повреди.
„Пријавено е дека во стан во зграда на улицата ‘Христо Смирненски‘ во Скопје настана пожар. По интервенција на скопската ТППЕ пожарот е изгаснат, а од него со повреди се здоби 13-годишник, кој беше во станот. Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата ‘Свети Наум Охридски‘ на укажување лекарска помош“,
се вели во полициското соопштение.
Засега не се соопштени причините за настанувањето на пожарот.
