Мајката на пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е позитивна на коронавирус.
Таа ова го објави на својот Фејсбук профил.
„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот ковид- 19“,
напиша Светлана Милошоска.

Таа вели дека на епидемиолозите им ги посочила сите лица со кои имала контакт, меѓу кои нејзиниот сопруг, кој утре ќе се тестира и Антонијо Милошоски, со кого како што вели имала краток контакт на 22.јуни во нивниот дом во Кичево.
Минатата недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека неговата мајка е позитивна на коронавирус, но рече дека тој подолго време немал контакт со неа.