Милиони луѓе би можеле да починат ако има втор бран на пандемијата, предупредија претставници на Светската здравствена организација.
„Споредбата е со шпанскиот грип, кој се однесува исто како ковид-19 – се повлече во текот на летото, па се врати во септември и октомври резултирајќи со 50 милиони жртви во вториот бран“,
изјави д-р Раниери Гуера, помошник-генерален директор за стратегиски иницијативи на СЗО.

Според него, пандемијата се однесува како и што претпоставувала СЗО. Предупредувањата на Гуера доаѓаат во период на релаксирање на рестриктивните мерки, особено во Европа.