Законот за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност е првиот закон којшто јас како премиер после изборите ќе го потпишам во интерес на сите граѓани и во интерес на иднината на земјата, рече Филипче
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција најави Фронт за виситина и правда, во кој како што рече, се вклучени различни општествени групи и политички субјекти, опозициски партии, активисти и нелвадини, обединети околу вредностите за европска Македонија.
Програмата на Фронтот се фокусира на четири столба – нулта толернација за корупција и европска правда; иднина за младите; подобар животен стандард и достоинствен живот за сите; силно село и земјоделци.
„Пред изборите ќе ги објавиме сите детали за програмата, а денеска ќе се осврнам на клучниот столб на кој оваа програма се темели – закон за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност. Тоа е првиот закон којшто јас како премиер после изборите ќе го потпишам во интерес на сите граѓани и во интерес на иднината на земјата“,
рече Филипче.

Програмата од првиот столб, односно од најавениот закон за нулта корупција, како што кажа Филипче, предвидува имплементација и поголема соработка со Европското јавно обвинителство, основање на нова Национална антикорупциска дирекција со директор кој ќе се бира со двотретинско мнозинство, целосна дигитализација на јавните набавки и тендери, задолжителна електронска декларација на имот за секој функционер што ќе се обработува со ВИ, заштита и награда за свиркачи, јавен регистар за црни листи.
„Ова не е само закон, ова е гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме и датум на суд, секој кој го прекршил законот ќе одговара“
додаде Филипче.
