„Фирмата ’МБС глобал’ била регистрирана на 7.8.2015 година на адреса ’Стефан Караџа’ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи“, велат од СДСМ
Додека Максим Димитриевски се претставува како антикорупционер и голем Македонец, фактите покажуваат сосема спротивно, велат од СДСМ. Според фотографиите од документи што ги објави партијата, градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Димитриевски, има сопственички удел во фирмата „МБС глобал“-Бугарија.
„Фирмата ’МБС глобал’ била регистрирана на 7.8.2015 година на адреса ’Стефан Караџа’ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи. Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово. Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија? Колку тендери си наместил? Колку пари си префрлил преку кумови и блиски“,
се наведува во соопштение од СДСМ.


Од СДСМ го обвинуваат Димитиревски дека тој дефокусира од Реформската агенда и порачуваат дека вистината ќе биде откриена. Во соопштението, како што се наведува, бараат правда и одговорност.
„Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од европската Реформска агенда. Доста е веќе да вие поради вашиот криминал и корупција го држите народот како заложник и ја држите државата во изолација. Сите – и ти, и Филков, и Сашо Петровски, и целата криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ќе одговарате“
велат од СДСМ.
