Возачот бил фатен од страна на случајни минувачи, кои го предале на полицијата. Станува збор за 30-годишен маж, кој додека бегал, пробол едно лице со нож
Осум лица се повредени откако возач со автомобил влета меѓу пешаци во центарот на градот Модена, Италија. Како што пренесува Би-би-си, четворица се со тешки повреди, вклучувајќи и жена на која ѝ биле згмечени двете нозе.
Според дел од медиумите, возачот бил фатен од страна на случајни минувачи кои го предале на полицијата. Станува збор за 30-годишен маж, кој додека бегал, пробол едно лице со нож.

Очевидци за италијанските медиуми сведочат дека го виделе автомобилот кој се движел со голема брзина кога се упатил кон тротоарот.
„Одеднаш забрза – се движеше со најмалку 100 км/ч. Видовме луѓе како летаат“,
вели еден очевидец.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“, а градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, додаде дека станува збор за уште посериозна работа, доколку се докаже дека станува збор за однапред смислен напад.
