Угледниот научник и професорот на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Иван Џикиќ, вели дека не му е јасно зошто постојано се зборува дека вирусот слабее.
„Пораките дека вирусот повеќе не е толку опасен и слабее се неточни. Тие се базираат на изјава на некој лекар од Италија, но се занемаруваат ставовите на илјадници научници кои го тврдат спротивното. Ние и во март знаевме дека 60-80 отсто од луѓето немаат симптоми, но токму тоа е најголемата опасност“,
вели Џикиќ во интервју за ХТВ.
Тој смета дека не треба да се шири паника, но не и да се вели дека сѐ е во ред и под контрола.
„Значи, вирусот не слабее и тоа е факт, но исто така треба да се каже дека симптомите му се поблаги“,
оценува професорот Џикиќ.