Иницијативата ја поднесоа пратеници од Социјалдемократската партија, Алијансата за единство на Романците и Романија на прво место, а ја поддржаа вкупно 281 пратеник
Парламентот на Романија денеска ѝ изгласа недоверба на владата која ја предводи десноцентристичкиот премиер Илија Боложан. Иницијативата ја поднесоа пратеници од Социјалдемократската партија, Алијансата за единство на Романците и Романија на прво место, противејќи се на строгите економски политики на Боложан.

„За“ иницијативата гласаа вкупно 281 пратеник. Како што пренесуваат локални медиуми, гласањето било поздравено со аплауз од присутните пратеници, а Боложан веднаш ја напуштил зградата на парламентот.
„Иницијативата за недоверба на владата е лажна, цинична и вештачка. Секоја земја што се соочува со повеќекратни кризи би се обидела да ја стабилизира владата, а не да ја собори“,
рече премиерот за време на расправата во парламентот.
Боложан предводи малцинска влада од крајот на април, кога социјалдемократите – најголемата партија во парламентот – побараа негова оставка, а потоа излезе од коалицијата од четири партии и се здружи со крајнодесничарската опозиција за да поднесат гласање за недоверба.
