Според УХМР, кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи

Сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од еден до седум Целзиусови степени, а дневната од 18 до 28 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од четири степени наутро, до 27 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во текот на денот ќе се движи меѓу 20 и 27 степени.
Според УХМР, кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи.
