Австралиската војска денеска соопшти дека ќе распореди илјадници војници на улиците во Мелбурн за да спречи втор бран зараза со ковид-19, откако градот стана ново жариште.
Сојузната држава Викторија бележи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, со речиси 150 случаи на ден во текот на изминатата недела.
Иако бројот на заразени е сè уште мал во споредба со другите земји во светот, избувнувањето на заразата ја загрижи Австралија, која почна да ги олеснува рестриктивните мерки.
Министерката за одбрана Линда Рејнолдс денеска соопшти во наредните денови околу 850 војници ќе ги надгледуваат патниците од странство кои се во карантин во хотелите, додека околу двесте ќе обезбедат логистичка и медицинска помош на локациите за тестирање, додаде министерката.
Австралиската војска веќе е на терен и ги чува границите на сојузните држави кои се затворени за посетители, но ваквото распоредување на улиците во толку голем број, е без преседан во текот на кризата со коронавирусот.
Вирусот во вториот по големина град во Австралија се прошири во пошироки семејства, хотел за карантин за странски патници во карантин и во продавница за облека.
Австралија на 25 милиони жители до сега регистрира околу 7,5 илјади случаи на зараза, со 103 смртни случаи