Градоначалничката на Кисела Вода уверува дека доколку при надзорот се утврдат неправилности или пропусти во врска со случајот, ќе следува и соодветна одговорност. Апелира додека институциите ја извршуваат својата работа, да се избегне ширење непроверени информации и политизација на настанот
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, рече дека веќе е инициран вонреден инспекциски надзор во врска со трагичниот настан од петокот кога еден градежен работник загина, а тројца беа повредени откако беа затрупани со земја при ископ на темели на градилиште.

Во надзорот, како што рече, ќе бидат вклучени сите раководители од надлежните сектори.
„Надзорот ќе опфати сеопфатна контрола на безбедносните услови, вклучително и проверка на противпожарната опрема, и сите стандарди за користење на заштитна опрема. Општина Кисела Вода целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки“,
изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, додавајќи дека јавноста навремено ќе биде информирана по официјално потврдените информации од надзорот.
Стаменкоска-Трајкоска уверува дека доколку при надзорот се утврдат неправилности или пропусти во врска со случајот, ќе следува и соодветна одговорност. Апелира додека институциите ја извршуваат својата работа, да се избегне ширење на непроверени информации и политизација на настанот.
Еден градежен работник загина, а тројца завршија со телесни повреди откако во петокот беа затрупани со земја при ископ на темели на зграда во скопска Кисела Вода. Еден од работниците беше извлечен мртов, а другите тројца со повреди беа пренесени на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Поврзани вести:
- Тројца градежни работници затрупани при ископ на градилиште во скопска Кисела Вода
- (ФОТО) Еден работник загина, тројца се повредени во несреќата на градилиштето во Кисела Вода
- (ВИДЕО) Ова е трагедија, не знам како можат да градат зграда до зграда – вели сосетка за несреќата на градилиштето во Кисела Вода
- Обвинителството нареди обдукција на телото на работникот што загина на градилиште во Кисела Вода
- Советниците на СДСМ бараат итна седница на Советот на Кисела Вода по несреќата на градилиштето
