Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 21 април 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за здравство Азир Алиу, кадар на ВЛЕН
Зошто и по пет месеци од прелиминарниот извештај на домашната експертска комисија која утврди непотребни операции или непотребно упатување на операции на срце во десет примери, македонската јавност не го знае епилогот од случајот што го обелодени кардиологот Сашко Кедев? Ова е една од централните теми во разговорот со министерот за здравство Азир Алиу, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Алиу, кој е кадар на ВЛЕН, открива дека периодов не разговара со вицепремиерот Арбен Фетаи, со кого потекнуваат од иста партиска база (Алијанса за Албанците), зашто Фетаи не доаѓал на работа, ниту учествувал на седници на Владата. Со Алиу разговараме и за трансформацијата на ВЛЕН од коалиција на пет структури во една политичка партија, чие официјализирање е најавено за 9 мај. Тема се и законите за евиденциите во областа на здравството и за лекови, кои се во фаза на консултации, пред да влезат во владина процедура.
