Активно се работи на отстранувањето на пречките и на повторното ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира во најкус можен рок
Министерство за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, дел од услугите на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

Според надлежните, активно се работи на отстранувањето на пречките и на повторното ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира во најкус можен рок.
„Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето“,
се вели во соопштението од Министерството.
