Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 16 април 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание на „360 степени“ донесуваме:
– азилот на Никола Груевски не може да се укине ниту лесно ниту преку ноќ, а сè дотогаш тој не може да биде екстрадиран; со статусот на бегалец, имал право да побара унгарско државјанство уште во 2021 г. – разговор со Жолт Секереш, адвокат во Хелсиншкиот комитет на Унгарија, по изјавата на победникот на изборите Петер Маѓар дека неговата земја нема да биде депонија за странски криминалци;
– по барањето на цементарницата УСЈЕ од Скопје за обнова на А-интегрираната еколошка дозвола – до каде е постапката, како ќе се води и какви се очекувањата на засегнатите;
– документиравме и објавуваме нов масовен пример на проблематични легализации на дивогради; во Општина Шуто Оризари се заведени барања за легализација на датуми кога на конкретните парцели не била фрлена ни една лопата;
– прашавме во јавното обвинителство до каде се предистражните постапки за спорните легализации на десетици висококатници во Општина Чаир;
– „Саботажа“.
