Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп во однос на начинот на кој се справува со пандемијата од коронавирусот падна на најниско ниво досега, покажува најновата анкета на ИПСОС.
Додека бројот на новозаразени е во пораст, анкетата покажува дека 37 проценти од Американците го поддржуваат Трамп во справувањето со пандемијата, што е најмала поддршка од последната анкета од ваков вид, која беше спроведена на почетокот на март.
Околу 58 проценти се изјаснија дека не го поддржуваат.
Како што пренесуваат странските агенции, како причина за ваквиот став на американската јавност е тоа што Трамп тактизираше со јавното признание за сериозноста на пандемијата, од која починаа повеќе од 120 000 Американци, и побара од државите побрзо да се отворат пред експертите да кажат дали состојбата е безбедна.
Дури и поддршката во неговата Републиканска партија е најниска од кој било период на неговиот мандат досега.
43 проценти од нив се изјасниле дека веруваат дека земјата оди во „вистинска насока“, што е најнизок процент на поддршка од преземањето на функцијата во јануари 2017 година.
Анкетата е спроведена на примерок од 1 115 лица.