Во писмо испратено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Амир Саеид Иравани вели дека незаконската блокада претставува сериозно кршење на основните принципи на меѓународното поморско право

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како сериозно кршење на нивниот суверенитет.
Во писмо испратено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Амир Саеид Иравани вели дека незаконската блокада претставува сериозно кршење на основните принципи на меѓународното поморско право.
Гутереш ги повика САД и Иран да ги обноват мировните разговори и да вложат сериозни напори за постигнување трајно решение за блискоисточнот конфликт.
Гутереш истакна дека сите страни во конфликтот мора да ја почитуваат слободата на пловидба, вклучително и низ Ормускиот Теснец, согласно меѓународното право.
Американската војска вчера ја воведе блокадата на иранските пристаништа, откако мировните преговори со Иран во Пакистан завршија без постигнат договор.
Централната команда на САД соопшти дека блокадата ќе се спроведува непристрасно против бродовите на сите нации што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните области, но оти нема да ги попречува бродовите во Ормутскиот Теснец што патуваат до и од неиранските пристаништа.
Денеска Ројтерс објави дека кинески танкер санкциониран од САД поминал низ Ормускиот Теснец и покрај блокадата на САД на граничниот премин.
