Според УХМР, утре ќе преовладува стабилно време, а од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 20 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 17 степени.
Според најавата на УХМР, утре ќе преовладува стабилно време, а од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.
