И Москва и Киев соопштија дека ќе се придржуваат до велигденскиот прекин на огнот, сè додека другата страна не испровоцира со напад
Министерство за одбрана на Русија информира дека 32-часовното примирје со Украина започна попладнево во 16 часот по московско време, односно во 13 часот по Гринич.

Велигденското примирје во четвртокот го најави рускиот претседател Владимир Путин, кој соопшти дека привремениот прекин на огнот ќе трае од 11 април до крајот на 12 април.
Путин предупреди дека Москва ќе одговори на секој испровоциран напад од Киев.
Неколку часа пред примирјето да стапи во сила, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев се придружува на иницијативата на Русија, но дека ќе одговори при евентуално кршење на условите за прекин на огнот. Отсуството на руски напади, како што рече Зеленски, ќе значи и отстуство на одговор од Украина.
„Подготвени сме за секаков развој на настаните на фронтот. Украина постојано ѝ нудеше на Русија различни формати за прекин на огнот. Веруваме дека Велигден треба да биде време на тишина и безбедност, а ова примирје би можело да биде и почеток на вистинско придвижување кон мир“,
напиша Зеленски во објава на Икс.
Украинскиот лидер додаде дека по разговор со врховниот командант на украинската армија, на Русија ѝ биле пренесени ставовите за можно продолжување на примирјето и по Велигден.
Сьогодні визначили параметри нашого реагування на можливі порушення умов припинення вогню російською армією. Ми всі розуміємо, з ким маємо справу. Україна буде дотримуватись режиму тиші та діятиме виключно дзеркально. Відсутність російських ударів у небі, на землі та на морі…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 11, 2026
