Погледнете го новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени“ емитувано на 9 април 2026 г. на МРТ 1
Во оваа епизода донесуваме:
– анализа на квалитетот на воздухот во Скопје од 2012 г. до денес – дали изминатата зима дишевме полош, ист или подобар воздух споредено со претходните години;
– изведувачот, проектантот и ревидентот си ја префрлаат одговорноста за пробиените рокови и 51. анекс на договорот за реконструкција на стара Комерцијална;
– Државата не ќе може да реагира великодушно во случај на нова криза – разговор со Марјан Петрески, универзитетски професор и член на тимот на „Фајненс тинк“ за економските последици од војната на Блискиот Исток;
– Со бизнис-дијаганостика до успешна транзиција: предизвиците при смена на генерации во семејните бизниси;
– „Саботажа”.
