Сепак, потпретседателот на САД не се обиде да ја сокрие причината зошто пристигнал во земјата пет дена пред парламентарните избори кои го имаат предзнакот неизвесни, затоа што Орабн се соочува со можноста да се најде на губитничката страна по 16 години на власт
Противкандидатот на Орбан, Петер Маѓар, чија партија Тиса води во повеќето анкети, директно се осврна на посетата на американскиот потпретседател на Будимпешта. Тој во објава на социјалните платформи напиша дека унгарската историја не е напишана во Вашингтон, Москва или Брисел, туку на унгарските улици и плоштади
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џеј-Ди Венс, денеска од унгарската престолнина ја критикуваше Европската Унија (ЕУ) и ја обвини за очигледно мешање во претстојните избори во Унгарија.

Неговите наводи, како го забележува британски „Гардијан“, доаѓаат дури и во момент и околности кога тој како потпретседател на САД денеска пристигна во Будимпешта за да му даде поддршка на Орбан или, како што пишува весникот, да му помогне на актуелниот премиер да победи на изборите закажани за в недела.
Во изјава за новинарите, кратко по слетувањето во Будимпешта денеска, тонот на Венс бил борбен изнесувајќи тврдења дека Европската Унија е одговорна за, како што кажа, еден од најлошите примери на мешање во избори на една земја што некогаш го видел.
„Бирократите во Брисел се обидоа да ја уништат економијата на Унгарија. Тие се обидоа да ја направат Унгарија помалку енергетски независна. Се обидоа да ги зголемат трошоците за унгарските потрошувачи. И сето тоа го направија затоа што го мразат овој човек“,
рече Венс посочувајќи кон унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Сепак, потпретседателот на САД не се обиде да ја сокрие причината зошто пристигнал во земјата пет дена пред парламентарните избори кои го имаат предзнакот неизвесни, затоа што Орабн се соочува со можноста да се најде на губитничката страна по 16 години на власт.
„Секако, сакам да му помогнам, колку што е можно повеќе, на премиерот додека се соочува со овој изборен циклус“,
рече Венс.
В недела Унгарците треба да гласаат на клучните парламентарни избори, на кои Орбан се соочува со невиден предизвик од Петер Маѓар, поранешен висок член на владејачката партија Фидес, кој по разидувањето со Орбан формира своја политичка партија – Тиса.
Претстојните избори донесоа две спротивставени гледишта за иднината на Унгарија. Додека Орбан и неговата Фидес се обидуваат да ги убедат гласачите дека војната во Украина претставува силна закана за земјата и дека тој е вистинскиот човек за справување со овој ризик, Маѓар и неговата партија Тиса пред гласачите се фокусираат на домашни прашања, како што се економската стагнација, кризата со социјалните услуги и корупцијата во земјата.
На прес-конференцијата со Орбан попладнево, Венс како да беше вовлечен во наративот на унгарскиот премиер да ја прикаже Украина како најголема закана за Унгарија. Во таа насока, американскиот потпретседател пред новинарите рече оти е свесен за обидите на украинските разузнавачки служби да стават, како што рече, палец на вагата на изборите во САД. Претстојните избори за Конгресот во САД кои треба да се одржат во ноември годинава.
„Тоа е токму она што го прават“,
рече Венс додека стоеше покрај Орбан, пренесе „Гардијан“.
Во тој контекст, американскиот потпретседател ги издвои луѓето во украинскиот систем кои според него воделе кампања заедно со демократите пред претседателските избори во САД во 2024 година.
Нападот на Венс врз Брисел доаѓа во период на засилен фокус на врските на Будимпешта со Кремљ. По претходните обвинувања дека руските разузнавачки служби, заедно со мрежите за дезинформации кои имаат врски со Москва, работеле да ги свртат претстојните избори во корист на Орбан, денеска беше објавено дека Орбан во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин му рекол: „Јас сум на ваша услуга“.
Имено, Блумберг њуз денеска објави дека дошол до транскрипт, наводно изготвен од унгарската влада, од телефонски разговор што се одржал меѓу Орбан и Путин на 17 октомври. Во него, Орбан наводно го споредил односот со оној на „глушец“ кој е подготвен да му помогне на рускиот „лав“ по потреба.
„Вчера нашето пријателство се искачи на толку високо ниво што можам да помогнам на кој било начин… За секое прашање каде што можам да бидам од помош, јас сум на ваша услуга“,
наводно му рекол Орбан на Путин.
Орбан долго време е лидер на земја членка на ЕУ кој е најпријателски расположен кон Москва одржувајќи ја на тој начин големата зависност на Унгарија од руската нафта и гас. Претходно излегоа информации дека министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, редовно го известувал својот руски колега за детали од доверливите состаноци во рамките на ЕУ и работел на промена на листата на санкции на Унијата според вкусот на Москва.
Денеска Венс во Будимпешта го пофали Орбан дека е, како што кажа, одличен пример во Европа кога станува збор за енергетската независност, што се толкува како референција за континуираната зависност на Унгарија од увозот на руска нафта и гас.
Потпретседателот на САД рече дека европските лидери направиле огромна грешка со прекинувањето на нафтата и природниот гас од истокот. Извештајот од минатиот месец покажа дека зависноста на Унгарија од Русија се зголемила по целосната инвазија на Украина, при што Русија сега учествува со 93% во увозот на сурова нафта во земјата во споредба со 61% во 2021 година.
Во транскриптот од октомврискиот повик објавен во вторник, Путин наводно го пофалил „независниот и флексибилен“ став на Унгарија во неговата војна против Украина.
„За нас е несфатливо како таква избалансирана, средна позиција генерира само контрааргументи“, рекол рускиот претседател, според протечениот транскрипт.
Венс дополнително го пофали и ставот на Унгарија за Украина.
„Вашето лидерство беше далеку, далеку поважен и поконструктивен партнер за мир од речиси кој било друг, на кое било друго место во светот“, му рече американскиот потпретседател на Орбан.

Како што сумира „Гардијан“, Венс не штедел пофални зборови кон Орбан, чија „нелиберална демократија“ предизвика земјата да падне на ранг-листата за слобода на печатот и да се соочи со обвинувања дека повеќе не е целосна демократија.
Прашан дали американската администрација би била подготвена да соработува со друга унгарска влада доколку Орбан не успее да освои уште еден мандат, Венс одговори потврдоно, но додаде оти не очекува да има промени во владата.
„Виктор Орбан ќе победи на следните избори во Унгарија, па затоа се чувствувам многу уверен во тоа и во нашиот континуиран позитивен однос“, рече тој.
Додека Орбан и Фидес заостануваат во анкетите, десничарските лидери од целиот свет се обидуваат да се соберат зад него издигнувајќи ги изборите во оваа централноевропска земја со околу 9,5 милиони луѓе на глобалната сцена, бидејќи таа станува поширок симбол на отпорноста на крајно десничарските движења.
Противкандидатот на Орбан, Маѓар, чија партија Тиса води во повеќето анкети, директно се осврна на посетата на американскиот потпретседател на Будимпешта.
„Ниту една странска земја не смее да се меша во унгарските избори. Ова е наша земја. Унгарската историја не е напишана во Вашингтон, Москва или Брисел, таа е напишана на унгарските улици и плоштади“,
напиша Маѓар на социјалните платформи.
Statement on the occasion of the visit of the U.S. Vice President to Budapest:
— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) April 7, 2026
No foreign country may interfere in Hungarian elections. This is our country. Hungarian history is not written in Washington, Moscow, or Brussels – it is written in Hungary’s streets and squares.
Five…
