Доаѓањето на потпретседателот на САД се одвива под засилени безбедносни мерки во Будимпешта. Воведени се ограничувања за паркирање по рутата по која се очекува да се движи Венс, отстранети се кантите за отпадоци, а околу канцеларијата на Орбан, каде што е закажана заедничката прес-конференција, има зголемено полициско присуство
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, претпладнево пристигна во Будимпешта во рамки на својата дводневна посета на Унгарија. Авионот на Венс слета кратко пред 11:00 часот претпладне, а на аеродромот во унгарската престолнина го пречека министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
„Добредојдовте во Будимпешта, потпретседателе. Последниот пат нешто вакво се случи во Будимпешта пред триесет и пет години – американски потпретседател пристигна во Унгарија“,
напиша Сијарто во објава на социјалните мрежи.

Во текот на посетата на Будимпешта, Венс ќе се сретне со Виктор Орбан пред клучните парламентарни избори во Унгарија закажани на 12 април на кои, според анкетите, унгарскиот премиер ќе биде соочен со најсилен притисок од опозициските сили во последниве години. Според најавите, на средбата меѓу Венс и Орбан, меѓу другото, треба да биде истакнато богатото партнерство меѓу САД и Унгарија.
Доаѓањето на потпретседателот на САД се одвива под засилени безбедносни мерки во Будимпешта. Воведени се ограничувања за паркирање по очекуваната рута на Венс, отстранети се кантите за отпадоци, а околу канцеларијата на Орбан, каде што е закажана заедничка прес-конференција, има зголемено полициско присуство.
Посетата Венс на Будимпешта се смета за сигнал за поддршка на Орбан во последната фаза пред изборите.
