Твитер упати предупредување поради твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој на демонстрантите во главниот град Вашингтон им се закани со употреба на „сериозна сила“.

„Никогаш нема да постои ‘автономна зона’ во Вашингтон, се додека сум јас ваш претседател. Ако се обидат, ќе ги дочека сериозна сила!“,
напиша Трамп на Твитер, откако демонстрантите против расизмот во понеделникот прогласија автономна зона во близина на Белата куќа пред црквата Сент Џон.
Компанијата соопшти дека го скрила твитот на Трамп, бидејќи во него постои закана за причинување штета кон група која може да се идентификува, и ја крши политиката на компанијата во борбата против насилство.