Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател ќе ја посети Унгарија во вторник и среда, за време на последната недела од кампањата пред изборите в недела на кои унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се бори за петтиот последователен мандат
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс следната недела ќе отпатува во Будимпешта каде што ќе се сретне со Виктор Орбан пред клучните парламентарни избори во Унгарија на 12 април на кои, според анкетите, унгарскиот премиер ќе биде соочен со најсилен притисок од опозициските сили во последниве години.

Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател ќе ја посети Унгарија во вторник и среда, за време на последната недела од кампањата пред изборите в недела. За време најавените разговори со Орбан, како што додаваат од Белата куќа, Венс ќе го истакне богатото партнерство меѓу САД и Унгарија.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е силен поддржувач на конзервативната, антиимиграциска агенда на Орбан. Трамп неодамна јавно ја изрази својата поддршка за унгарскиот премиер пред парламентарните избори на кои Орбан ќе се бори за петтиот последователен мандат.
„Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно. Ја има мојата целосна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија“,
напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл.
