Нападот се случува еден ден откако танкер што превезуваше околу два милиони барели нафта од Кувајт и Саудиска Арабија беше погоден од ирански напад со беспилотни летала додека беше закотвен крај брегот на Дубаи
Со проектил е погоден танкер крај брегот на Доха, главниот град на заливската држава Катар, соопшти утрово Центарот за поморски трговски операции на Обединетото кралство (УКМТО).

Инцидентот се случил синоќа на околу 31 километар северно од Доха.
„Пријавено е дека танкерот е погоден од непознат проектил од неговата лева страна, предизвикувајќи оштетување на трупот над линијата на водата. Сите членови на екипажот се безбедни“,
се вели во соопштението од УКМТО.
UKMTO WARNING 030-26 UPDATE 001
— UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) April 1, 2026
Click here to view the full warning.⤵️https://t.co/Idhm3R7M53#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/Cv412TKSiu
Надлежните служби го истражуваат инцидентот и според достапните информации, нема загадување на животната средина.
Нападот се случува еден ден откако танкер што превезуваше околу два милиони барели нафта од Кувајт и Саудиска Арабија беше погоден од ирански напад со беспилотни летала додека беше закотвен крај брегот на Дубаи.
Кон крајот на февруари, американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран.
Иран возврати со ракетни и беспилотни напади врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека конфликтите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормускиот Теснец, низ кој минува голем дел од светската нафта.
Тензиите продолжуваат да растат, и покрај повремените сигнали за можни преговори, но ниту една страна досега не покажа подготвеност за брз крај на конфликтот.
