Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за Инструментот за поддршка на Украина во рамки на ЕДИП, за инвестиции во заеднички проекти за зголемување на воените производствени капацитети за клучни одбранбени компоненти и производи, вклучувајќи системи за борба против дронови, ракети и муниција, како во Украина, така и низ Европа
Европската комисија денеска соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска одбранбена индустрија (ЕДИП), со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија.

Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за Инструментот за поддршка на Украина во рамки на ЕДИП, за инвестиции во заеднички проекти за зголемување на воените производствени капацитети за клучни одбранбени компоненти и производи, вклучувајќи системи за борба против дронови, ракети и муниција, како во Украина, така и низ Европа.
„Земјите членки, Норвешка и, за првпат во рамки на програмата за одбранбена индустрија на ЕУ, Украина и нејзините индустрии, сега можат да ги искористат можностите за финансирање за зајакнување на одбранбената соработка и зголемување на производството“,
изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус.
