Уште двајца членови на изборниот тим на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои учествуваа во организирање на неговиот митинг во Тулса, Оклахома, се позитивни на ковид-19, со што бројот на заболените се зголеми на осум.
Портпаролот на изборниот тим на Трамп, Тим Муртауг, изјави дека обајцата цело време биле без маски за време на митингот додавајќи дека тие веднаш се ставени во карантин.
Неколку часа пред да се одржи контроверзниот митинг во саботата навечер, тимот на Трамп објави дека шест члена се позитивни на новиот коронавирус.

Одржувањето на митингот, кој е прв од март наваму, предизвика жестока полемика во јавноста бидејќи многу луѓе изразија загриженост за здравствените последици и непочитување на правилата за физичко растојание. Но, Трамп, кој во одбива да носи маска во јавност инсистираше тој да се одржи, истакнувајќи дека земјата мора да се врати во нормално функционирање, без разлика на пандемијата.