Трамп очекува дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други земји ќе испратат бродови во овој клучен поморски канал
Многу земји ќе испратат воени бродови за да се осигурат дека Ормускиот Теснец останува отворен, вели претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во објавата на неговата платформа Трут сошал тој порача дека очекува оти Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други земји ќе испратат бродови во овој клучен поморски канал за Иран веќе да не претставува закана.
„Многу земји, особено оние погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот Теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД, за да го одржат теснецот отворен и безбеден“,
напиша Трамп.

Трамп кажа и дека САД веќе уништиле 100% од иранските воени капацитети, но за Иран сè уште е лесно да користи дронови, мини и ракети со краток дострел.
„Во меѓувреме Соединетите Американски Држави ќе го бомбардираат крајбрежјето и ќе ги напаѓаат иранските чамци и бродови. На еден или на друг начин, наскоро ќе го отвориме Ормускиот Теснец, безбеден и слободен“,
додава Трамп.
