Погледнете го новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени“ емитувано на 12 март 2026 г. на МРТ 1
Во новата епизода на 360°:
– на хартија – дом за стари лица (на парцела купена од државата за 81 денар за квадрат), но на терен – канцеларии на фирма за онлајн игри на среќа; и тоа не е сè кога се во прашање инвеститорот од Битола и владеењето на правото;
– од 13 патно-железнички премини што ги посетивме, на 7 функционираше, а на 6 не работеше сигнализацијата – слика од терен и прашање до надлежните зошто државата не може да ги одржува премините;
– бројот на резиденти во Македонија се намалува, но бројот на реализирани рецепти за диазепам, хелекс и лексилиум расте – анализа на официјално достапните податоци и на причините за овој тренд;
– „Саботажа“.
