„Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта“, порача Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека ќе го удри Иран многу посилно ако властите во Техеран одлучат да го блокираат снабдувањето со нафта во регионот.

„Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат погодени многу, многу посилно. Ако сакаат да ја играат таа игра, подобро да не го прават тоа“,
рече американскиот претседател на прес-конференција во Флорида.
Трамп претходно ја опиша војната со Иран како кратко патување и мала екскурзија во говорот пред републиканските пратеници.
Тој, исто така, даде низа контрадикторни изјави за целите на израелско-американската офанзива, велејќи дека САД нема да запрат сè додека непријателот не биде целосно и крајно поразен.
Трамп додаде дека американските сили започнале напади врз иранските постројки за производство на беспилотни летала и се пред распоредот за уништување на иранските цели.
Операцијата во Иран е многу пред нашиот првичен распоред, нагласи тој.
„Блиску сме до завршување на турнејата. Војната ќе заврши кога Иран веќе нема да има капацитет да развива оружје насочено кон САД, Израел или нашите сојузници за многу долго време“,
рече американскиот претседател, додавајќи дека САД можат да ја прогласат својата воена кампања за успешна, иако операцијата продолжува.
