Штетите се опишани како незначителни, а полицијата одби да го коментира видот на експлозивната направа додека истрагата е во почетна фаза
Силна експлозија денеска одекна пред зградата на Амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција.

Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време.
„Можеме да потврдиме дека ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада“,
изјави портпаролот на полицијата Микаел Делмер за норвешката јавна телевизија Ен-ер-ко (NRK) додавајќи дека експлозијата го оштетила влезот на конзуларниот оддел.
Штетите се опишани како незначителни, а полицијата одби да го коментира видот на експлозивната направа додека истрагата е во почетна фаза.
Шеснаесетгодишен жител на населбата, кој за телевизијата ТВ 2 се претстави само како Едвард, опиша дека глетката по силниот звук вклучувала полициски кучиња, дронови, вооружени полицајци и хеликоптери.
