Тројцата се обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи како службени лица при изготвување на записници внесувале неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки. На Кире Богатинов и Горан Лазаров на товар им се става по едно кривично дело злоупотреба на службената положба, додека Александар Темелков е обвинет за две повразни дела злоупотреба на службената положба и овластување
На прашање на судијката, Лидија Петровска тие рекоа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувстуваат виновни за делото што им се става на товар
Денеска започна судскиот процес против тројца полициски службенци во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани. На обвинителна клупа седнаа Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков, полициски службеници од Кочани.

Тројцата се обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи како службени лица при изготвување на записници внесувале неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки.
Имено, наместо на име на активниот субјект „Пулс“, каде биле констатирани прекршиците тие пишувале прекршочни пријави на фирма која не е активна.
„Полициските службеници Кире Богатинов и Горан Лазаров не ги извршиле своите службени должности така што при изготвување на записници од 07.01.2023 година и 25.11.2023 година внеле неточни податоци за правното и одговорното лице кабаре „Пулс“. Александар Темелков извршувајќи два временски поврзани дејствија не ги извршил должностите при поведување барања за поведување прекршочна постапка. Иако бил должен да ја провери целокупната документација тој потпишал и поднел барања до судот во Кочани да бидат изготвени против неактивно правно лице ДПТУ „Класик“ и на име на Дејан Јованов кој не бил управител на „Пулс“, каде биле констатирани прекршоците”,
наведе обвинителката Ивана Алексова-Трајчева.
На тој начин обвинетите овозможиле противправна имотна корист за „Пулс“ и за одговорното лице, Митко Стојанов.
На Кире Богатинов и Горан Лазаров на товар им се става по едно кривично дело злоупотреба на службената положба, додека Темелков е обвинет за две повразни дела злоупотреба на службената положба и овластување.
На прашање на судијката, Лидија Петровска тие рекоа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувстуваат виновни за делото што им се става на товар.
Инаку, судскиот процес е по обвинителен предлог што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го поднесе на крајот на јануари.
Во продолжението на денешното рочиште обвинителката ги наведе материјалните докази што ги предлага. Обвинителството не предложи сведоци за доказната постапка.
Од друга страна, одбраната најави двајца сведоци, кои ќе ги обезбеди за наредните рочишта. Поради ова судијката следното рочиште од главната расправа ги закажа за 18 март.
Обвинителката, Ивана Алексова-Трајчева во изјава за медиумите појасни дека еден материјалните докази што се предложение анекс планот за контроли во однос на јавниот ред и мир, во кој како што кажа, јасно е наведено како се води контролата и кои податоци се внесуваат во записниците.

Обвинетите Богатинов и Лазаров постапиле спротивно на планот и за контролите што секој од нив ги извршил во два одворни случаи не навеле точни податоци, туку, тоа, што, според обвинителката им било кажано.
Александар Темелков, кој во текот на 2023 и 2024 година бил на позицијата помошник-командир поднел пријави до судот кои се однесувале на друго правно лице „Класик“, кое во тој момент било неактивно.
Одговарајќи на новинарско прашање, обвинителката кажа дека се уште нема правна разрешница по однос на поднесените пријави во кочанскиот суд.
