Во меѓувреме, како што пренесе Би-би-си, свикана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Седницата што ја побараа Бахреин, Колумбија, Кина, Русија и Франција треба да започне во 22 часот по средноверопско време
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на земјата, Масуд Пезешкијан се „безбедни и здрави“, изјавил портпаролот на иранското Министреството за надворешни работи за британската телевизија Скај њуз, пренесе „Гардијан“.

Тој потврдува дека во нападите што денеска ги извршија САД и Израел врз земјата убиени се неколку командати на иранските сили.
„Тие се безбедни и здрави (Хамнеи и Пезешкијан). Да, имаме неколку команданти кои беа маченички убиени како резултат на овој терористички чин на агресија. Но, важно е дека иранската нација, нашите вооружени сили, нашите храбри вооружени сили преземаат неопходни мерки за да го одбранат Иран на најсилен можен начин“,
рекол портпаролот.
Инаку, истиот портпарол, Есмаил Багаеи, претходно за Би-би-си изјави дека не е во позиција да потврди дали членовите на високото раководство на Иран, кои биле цел на нападите на САД и Израел, се повредени или не.
Неколку часа претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за американската телевизија Ен-би-си њуз изјави дека колку што нему му е познато ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Масуд Пезешкијан сè уште се живи.
Инаку, Израел претходно соопшти дека нападите на нивните сили биле насочени кон раководството на иранскиот режим и воените команданти, вклучувајќи ги Хамнеи и Пезешкијан.
Од сателитските снимки што ги објавија светските медиуми може да се види голема штета и црн чад како се издига од комплексот на резиденцијата на Хамние во Техеран.
Засега не е познато каде се наоѓаат ајатолахот и претседателот на Иран, иако иранските медиуми претходно денеска најавија обраќање на Хамнеi.
Во меѓувреме, како што пренесе Би-би-си, свикана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Седницата што ја побараа Бахреин, Колумбија, Кина, Русија и Франција треба да започне во 22 часот по средноверопско време.
Во објава на социјалната платформа Икс, Гутереш вели дека употребата на сила од страна на Вашингтон и Тел Авив, како и одзманичките напади од Иран, се закануваат да го прошири конфликтот. Тој нагласи дека Повелбата на ОН „јасно забранува закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава“ и ги повика сите земји да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право.
I condemn today’s military escalation in the Middle East. The use of force by the United States & Israel against Iran, and the subsequent retaliation by Iran across the region, undermine international peace & security.
— António Guterres (@antonioguterres) February 28, 2026
All Member States must respect their obligations under… pic.twitter.com/TZKS4GuNnZ
Гутереш повика на „итно прекинување на тензиите и деескалација“, предупредувајќи дека неуспехот тоа да се постигне може да доведе до поширока регионална војна со „фатални последици за цивилите“. Тој додава дека „нема одржлива алтернатива на мирното решавање на меѓународните спорови“ и ги повика сите страни да се вратат на преговарачката маса.
Германија, Франција и Велика Британија ги осудија нападите на Иран врз земјите во регионот, велејќи дека Техеран Иран мора да се воздржи од неселективни воени напади и да продолжи со преговорите.
„Најостро ги осудуваме нападите на Иран врз земјите од регионот. Повикуваме на продолжување на преговорите и апелираме до иранското раководство да бара решение преку преговори. На крајот на краиштата, на иранскиот народ мора да му се дозволи сам да олучи за својата иднина“,
наведоа во заедничка изјава францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридирх Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.
Додавајќи дека нивните земји не биле вклучени во денешните напади, тие рекоа дека се во близок контакт со меѓународните партнери, вклучувајќи ги САД, Израел и партнерските земји во регионот.

Додека медиумите јавуваат за нов бран на израеллски напади врз цели во Иран, Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе возвртат со најмоќното оружје што го имаат, а кое досега го чувале во тајност.
„Трамп треба да знае дека сме опремени со најнапредни борбени капацитети. На почетокот пукаме со сè што имаме од залихите, но како што војната ќе напредува ќе ги користиме најмоќните ракети. Ќе го употребиме она што го чувавме во тајност“,
изјавил Ебрахим Џабари, советник на командантот на Иранската револуционерна гарда.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пак, им порача на иранските вооружени сили да го положат оружјето, а на граѓаните на Иран да останат во засолништата бидејќи „бомби ќе паѓаат насекаде“.
„До членовите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и полицијата – мора да го положите оружјето. Ќе имате целосен имунитет и ќе бидете третирани праведно. На големиот и горд народ на Иран, му порачувам дека часот на слобода е близу. Остенет во вашите засолништа бидејќи бомбите ќе паѓаат насекаде. Кога ќе завршиме, преземете ја контролата. Со огидни барате американска помош, сега имате претседател кој ви го дава она што го сакате“,
рече Трамп.
