Според портпаролката на полицијата, Шелби Бојд, осомничениот е застрелан и убиен од полицаец кој реагирал за време на нападот
Четири лица се убиени во напад со нож во западната држава Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.

Канцеларијата на шерифот на округот Пирс соопшти дека вчера добиле дојава дека маж со нож нападнал повеќе луѓе пред куќа во близина на Гиг Харбор, југозападно од Сиетл.
„Имаше четири починати лица, вклучувајќи го и 32-годишниот осомничен маж, а петтата жртва веднаш беше пренесена во болница каде подоцна им подлегна на повредите“,
се вели во соопштението на шерифот.
Според портпаролката на полицијата Шелби Бојд, осомничениот бил застрелан и убиен од полицаец кој реагирал за време на нападот.
Истражителите се сомневаат дека инцидентот е поврзан со случај на семејно насилство.
На 32-годишникот наводно требало да му биде изречена наредба за забрана на контакт.
Засега не се објавени никакви информации за идентитетот на жртвите.
