Изложбата е уметнички одговор на настаните што ја одбележаа реалноста во која живеат Украинците од 24 февруари 2022 година – датум што го означи почетокот на руската инвазија. Поставката е изложена во Женева и следи хронолошки тек на настаните од стартот на војната до денес, четири години подоцна
„Најлошата годишнина досега“. Вака гласи насловот на изложбата посветена на четиригодишнината од војната во Украина – проект што ги обединува делата на украинските уметници создадени во услови на војна.
Изложбата е уметнички одговор на настаните што ја одбележаа реалноста во која живеат Украинците од 24 февруари 2022 година – датум што го означи почетокот на руската инвазија.

Делата следат конкретни настани кои влегоа во колективното сеќавање на Украинците, како уништувањето на браната „Каховка“, но и на секојдневните предизвици во услови на војна.

Поставката е изложена во Женева и следи хронолошки тек на настаните – од стартот на војната на 24 февруари 2022 година, го доловува интензитетот на настаните во првите недели од инвазијата, па сè до денес, четири години подоцна. Низ нејзината временска линија, посетителите можат да го почувствуваат духот на украинскиот народ и предизвиците со кои тој се соочува.

Изложбата испраќа јасна порака за потребата од праведен и траен мир заснован на суверенитетот и интегритетот на Украина, со веродостојни безбедни граници и одговорност за тешките дела.

Проектот е дел од „Artists support Ukraine“ – непрофитна иницијатива која ги поддржува украинските уметници и културните работници преку меѓународни партнерства, институционални грантови и приватни донации.



