Од утре ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови од земјата се очекува повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст

Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина од 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од минус четири до четири Целзиусови степени, а дневната од три до 14 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од еден степен наутро до 11 во текот на денот.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Слично време се прогнозира и за во Скопје. Дневната температура утре ќе се движи од пет до 16 степени.
Според прогнозите од УХМР, од утре ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови од земјата се очекува повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
