Тој не откри повеќе детали од разговорот со хрватскиот премиер Пленковиќ и посочи дека тоа би било надвор од опсегот на учтивост и ги прекршува правилата на добра волја и рационален дијалог
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за време на посетата на Индија изјави дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Приштина и дека му било кажано оти тој не е насочен против Србија.

„Долго време разговарав со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Првпат разговаравме за воениот сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб. Можам да кажам дека премиерот Пленковиќ рече дека тој не е насочен против Србија. Сè друго што би го кажал би одело надвор од опсегот на учтивост, пристојно однесување и би прекршило некои правила на добра волја и рационален дијалог“,
рече Вучиќ.
Српскиот претседател е во посета на Њу Делхи на светскиот самитот „Индиски пакт 2026“ за вештачка интелигенција.
