Тој побара од Обвинителството на Кантонот Сараево да постапи по претходно поднесените кривични пријави поврзани со работењето на кантоналното Јавно комунално претпријатие – Градски сообраќај Сараево. Според него, досега биле поднесени серија кривични пријави против 47 лица, но досега немало кривично гонење
Премиерот на Кантонот Сараево во оставка, Нихад Ук, првпат се обрати до јавноста по трагичната трамвајска несреќа што минатата недела се случи во центарот на Сараево, при што загина едно лице, а неколкумина други беа повредени. Тој го повика обвинителството на Сараевскиот кантон да отвори истрага и да ги гони одговорните за, како што рече, криминал во градското сообраќајно претпријатие.

Ук соопшти дека сите постари трамваи, дури и технички исправните, се повлечени од сообраќај и ниту еден нема да биде вратен сè додека јавноста не биде информирана за наодите од истрагата.
Тој побара од Обвинителството на Кантонот Сараево да постапи по претходно поднесените кривични пријави поврзани со работењето на кантоналното Јавно комунално претпријатие – Градски сообраќај Сараево. Според него, досега биле поднесени серија кривични пријави против 47 лица, но досега немало кривично гонење.
„Инсистирам да се покренат случаи и да почнат да се гонат одговорните“,
рече Ук.
Премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук, поднесе оставка во неделата по растечкото незадоволство за време на протестите кои се одржуваа секој ден по трагичната сообраќајна несреќа.
