Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за тамошните медиуми рече дека разговорите со Рубио ќе се фокусираат и на начините за прекин на руската агресија врз Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесуваат американските медиуми.
Според американскиот Стејт департмент, кратката посета на Рубио ќе се фокусира на енергетското партнерство меѓу двете земји.

Унгарија речиси целиот свој природен гас го добива од Русија. Вашингтон, пак, ја охрабрува земјата во иднина да купува американски течен природен гас во големи размери.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за тамошните медиуми рече дека разговорите со Рубио ќе се фокусираат и на начините за прекин на руската агресија врз Украина.
„Билатералните односи со Соединетите Американски Држави во моментов ја доживуваат својата златна доба, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата“,
рече тој.
Причина за тоа, спорен него, е што Вашингтон и покрај санкциите, ѝ дозволи на Унгарија да увезува нафта од Русија.
Исто така, ја ослободи од санкциите планираната руска инвестиција во унгарската нуклеарна централа во Пакш.
Орбан и неговата влада со години одржуваат добри односи со Кремљ и Трамп.
