Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат. Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било – рече Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор.
„Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор. Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа“,
рече фон дер Лајен.
Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности.
„Безбедноста на Европа не секогаш се сметаше за наша примарна одговорност. Но, тоа се промени фундаментално. Треба да развиеме европски столб на стратешки средства: во Вселената, разузнавањето и капацитетите за длабок удар“,
кажа таа.
Таа се осврна и на односите на ЕУ со Велика Британија и повика на сојузништво.
„Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат. Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било. Затоа е во наш заеднички интерес да бидеме амбициозни во врска со нашето партнерство“,
рече претседателката на Европската комисија.
