Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија, а досега 24 земји се закитија барем со еден медал

На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоени медали. Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали.
Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени.
Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија, а досега 24 земји се закитија барем со еден медал.
Денес ќе бидат доделени медали во: биатлон (женски спринт), алпско скијање (машки велеслалом), брзо лизгање (мажи 500 метри), слободно скијање (жени), крос-кантри скијање (женска штафета), скијачки скокови (мажи голема скокалница), скелетон (жени поединечно) и брзо лизгање на кратки патеки (мажи 1500 метри).
Олимпијадата во Милано и Кортина се одржува од 6 до 22 февруари.
