Преговорите во Женева ќе се одржат по двете рунди разговори во Абу Даби, на кои не беше постигнат голем напредок, освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена од октомври минатата година
Преговорите помеѓу Русија, Украина и САД за завршување на војната во Украина се селат во Женева следната недела, а руската делегација ќе ја предводи Владимир Медински, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да прецизира точен датум.

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации Дмитро Литвин изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева.
Преговорите во Женева ќе се одржат по двете рунди разговори во Абу Даби, на кои не беше постигнат голем напредок, освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена од октомври минатата година.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз Европа и Украина, нагласувајќи дека мирот во Украина сè уште е далеку.
Русија сè уште се држи до своите почетни, максималистички барања. Тие вклучуваат територијални претензии кон источна Украина и противење на каква било можност Украина да се приклучи на НАТО или да биде домаќин на западни сили на нејзина територија како дел од безбедносните гаранции.
