Од универзитетот сè уште не е потврден идентитетот на жртвите или состојбата на ранетото лице, а нема ниту информации дали некој што го извршил пукањето е сè уште на слобода

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница што се случила синоќа во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина.
Официјални претставници на универзитетот велат дека пукањето било пријавено околу 21:15 часот во стан во студентскиот станбен комплекс „Хуџин свитс“.
„Универзитетските претставници сè уште не го потврдија идентитетот на жртвите или состојбата на ранетото лице“,
се вели во соопштението.
Од универзитетот сè уште не е потврден идентитетот на жртвите или состојбата на ранетото лице, а нема ниту информации дали некој што го извршил пукањето е сè уште на слобода.
Универзитетот соопшти дека побарал од Државниот оддел за спроведување на законот да го истражи пукањето и дека часовите за денеска се откажани.
Истражителите излегле на самото место, а полицијата патролирала низ кампусот и околината.
