Несреќата се случила во подрачјето околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот „Ал Васат“
Хеликоптер на брзата помош се урна во либиската база Ал-Сара при враќање од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во подрачјето околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот „Ал Васат“.
Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба, како и медицинска сестра од болницата во Куфра. Преостанатите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот асистент.
helicopter crash occurred at the Al-Sarra air base in southeast Libya, near the city of Kufra.Initial reports described it as involving an "air ambulance" or medical evacuation flight. pic.twitter.com/DgAmj1807G
— NextMinute News (@nextminutenews7) February 10, 2026
Причината за несреќата засега не е позната, а либиските власти сè уште немаат објавено официјално соопштение за падот на хеликоптерот.
