„Зошто датумот на повлекувањето на Кедев, 23 јануари е важно? Прво, затоа што се случува два дена откако Обвинителството отворило предмет, наводно по допред глас за клеветите на Жан Митрев против Филипче. Тоа е 21 јануари. По два дена од одлуката на Обвинителството се повлекува Кедев на 23 јануари. Случајно? Ништо не е случајно“, рече членката на Извршниот одвор на СДСМ, Цветановски
Повлекувањето на кардиологот и академик Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство (МЗ) е тежок и длабок сомнителен скандал, со кој се разоткрива целото сценарио со докторот Жан Митрев и сопственик на истоимената приватна клиника против лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче. Ова денеска на прес-конференција го соопшти членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, додавајќи дека со ова се отвараат сомнежи за организирано заташкување на случајот со наводни непотребни кардиолошки операции.

Таа, на прес-конференцијата посочи информации што вчера ги објави „360 степени“ дека известувањето за повлекувањето на Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство (МЗ) на 23 јануари годинава. Како причини за оставката е наведено незадоволство од започнатите контролни процеси, во насока на забелешки на работата на комисијата која треба да ги продолжи проверките на случаите со непотребни операции на срце.
„Зошто датумот на повлекувањето на Кедев, 23 јануари е важно? Прво, затоа што се случува два дена откако Обвинителството отворило предмет, наводно по допред глас за клеветите на Жан Митрев против Филипче. Тоа е 21 јануари. По два дена од одлуката на Обвинителството се повлекува Кедев на 23 јануари. Случајно? Ништо не е случајно“,
вели Цветановски.
Праша дали Жан Митрев излезе со клевета против Филипче, а потоа Владата да го повече Кедев и целиот скандал со операциите да се заташка.
„Ова ли е цената што треба сите да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност? Зошто д-р Жан толку долго чекаше? Зошто сам не отишол во Обвинителство? Дали се чекаше ова? Да добие време да се извлече, да се сокријат трагите?“,
праша членката на извршниот одбор на СДСМ.
Според неа, за ваков скандал никој нема права да молчи и да калкулира.
Праша дали ова е чувството на премиерот Христијан Мицкоски кој во македонското Собрание држи говори и каде дели задачи за Обвинителството и судството.
На крајот од прес-конференцијата порача дека сите ќе одговараат за ваквите скандали.
Според документот до кој, преку свои извори во Министерството за здравство (МЗ), дојде „360 степени“, известувањето за повлекувањето на Кедев од здравствениот совет е примено во МЗ на 23 јануари годинава.

„Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“,
пишува д-р Кедев во известувањето до министерот Алиу.
Тој наведува и дека се надева оти „јавното здравство ќе остане приоритет во политиките на Министерството за здравство“, што може да се толкува како став на кардиологот дека Министерството се поставува заштитнички кон приватните болници кои се меѓу засегнатите во случајот со непотребно извршените операции на срце.
Претходно, на наше прашање за коментар за оставката на докторот, од МЗ одговорија дека до министерот досега формално не е пристигната оставка од Кедев.
По откривањето на случајот со непотребните операции на срце во август минатата година лично од Сашко Кедев, министерот за здравство Азир Алиу формира 15-члена комисија, која на 14 ноември излезе со прелиминарен извештај.
Инаку, во интервју за ТВ Алфа, емитувано во јануари годинава, докторот Жан Митрев рече дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и кај ексминистерот за здравство, Филипче се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.
Филипче ги отфрли ваквите наводи како неосновани и јавно го повика Митрев да постапи институционално.
Предметот што го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.
