Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 29 јануари 2025 г. на МРТ 1
Во новото издание на емисијата донесуваме:
– откако ЕУ им овозможи „роаминг како дома“ на Украина и Молдавија, кога оваа поволност ќе профункционира и за македонските граѓани;
– колку видови риби се загрозени од експлоатирањето на реките за производство на струја и вадење песок; што открива регионално истражување за водотеците во Македонија;
– по многу неостварени ветувања и пропаднати обиди, градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски уверува дека тој ќе го реши проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар;
– кој се одѕва и што и порачаа на Владата – протестот на Сојузот на синдикати на Македонија за повисоки плати од друг агол;
– „Саботажа“.
